четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Јармоленко: Нема слаби репрезентации на вакви турнири

Јармоленко: Нема слаби репрезентации на вакви турнири

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 15 часот ќе се сретне со вториот противник на Европското првенство 2020, репрезентацијата на Украина. Македонија и Украина загубија во првото коло од натпреварувањето, па оваа победа ќе биде од огромно значење за двете репрезентации.

Фудбалерот на Украина Андриј Јармоленко, на вакви турнири нема слаби репрезентации.

„Веќе го анализиравме првиот натпревар со стручниот штаб. Ни беа посочени добрите моменти и грешките. За вториот натпревар се подготвуваме со позитива, разбираме дека сега како никогаш порано, мора да бидеме заедно. Се е добро, работиме, ги слушаме тренерите. Ќе ни биде кажано како да играме против Македонија. Ќе излеземе на терен и ќе си ја завршиме работата. Сакам да верувам дека добро тоа ќе го направиме. Нема слаби тимови на вакви турнири. Сите се подготвуваат за сериозна игра, за битка. Мислам дека и Македонците не сакаат да загубат. Ќе се прилагодиме на добра борба, ќе се обидеме да победиме“, изјави Андриј Јармоленко.

Коронавирус