петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Јанг: Интер се уште е во шампионската трка

Јанг: Интер се уште е во шампионската трка

Фудбалерот на Интер Ешли Јанг смета дека неговиот тим и покрај поразот од Лацио, има шанси да дојде до трофејот во Серија А.

Интер синоќа во дербито на 24. коло загуби од Лацио на гости со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Интер беше Јанг.

– Го загубивме натпреварот. Јас повеќе би сакал да не постигнам гол и да победам, но сето тоа се случи. Имаме многу натпревари до крајот. Мора да го заборавиме овој пораз многу брзо и да се подготвиме за следниот натпревар. Се разбира, остануваме трка за титулата. Многу бодови се во игра, рече Јанг.

Интер по 24 кола е трет на табелата со 54 бода. Пред него се Лацио со 56 и Јувентус со 57.

Коронавирус