Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ пред само неколку дена си замина од Малатијаспор и потпиша за Анталијаспор и за влакно ја избегна катастрофата. Тој утринава се огласи преку социјалните мрежи. Им посака на луѓето во регионот на Елазиг и Малатија да бидат добро во овие тешки моменти.
Според информациите во медиумите од Турција бројот на загината ќе порасне, бидејќи многу луѓе се сметаат за исчезнати и се наоѓаат под урнатините.