сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 112
home Фудбал

Ја одби Барселона и реши да остане во Манчестер Јунајтед

Ја одби Барселона и реши да остане во Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, не сака да го напушти клубот и покрај слабата дебитантска сезона на „Олд Трафорд“.

Островските медиуми јавуваат дека Холанѓанецот имал покана од Роналд Куман да и се приклучи на Барселона, барем на позајмица, но дека тој наводно одбил.

Тој сака да му се наметне на менаџерот Оле Гунар Солскјер на една од позициите во средните од теренот за новата сезона.

По пристигнувањето во Јунајтед од Ајакс, Ван де Бек забележа само 15 настапи во сите натпреварувања.

Барселона имаше план да го позајми со понуда да го испрати стоперот Самуел Умтити на „Олд Трафорд“, но ништо нема да излезе од тоа.

Ван де Бек не играше на Еуро 2020 поради повреда на препоните, но после тоа работеше самостојно и е подготвен да се приклучи на остатокот од тимот од понеделник, исто како напаѓачот Ентони Марсијал.

Коронавирус