вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Извршена обдукцијата, потврдено од што починал Марадона

Извршена обдукцијата, потврдено од што починал Марадона

Диего Марадона починал од акутна, конгестивна и хронична срцева инсуфиенција, која генерирала акутен едем во белите дробови, стои во преелиминарниот резултат на обдукцијата извршена во текот на вчерашниот ден.

Ова е заклучок до кој дошле шест официјални лекари по судска медицина и експерт во име на семејството, а кои ја извршувале обдукцијата на Марадона со болница во Сан Фернандо со цел да се открие причината за смртта на фудбалската легенда.

Семејството, јавуваат медиумите, именувала доктор кој присуствувал и внимателно ја надгледувал обдукцијата која почнала по 19:30 часот и траела до 22:30. Од страна на властите биле повикани пет доктори да ја извршат обдукцијата.

Обдукцијата ќе биде завршена со токсиколошки анализа кои во рок од една недела ќе утврдат дали Марадона консумирал дрога или алкохол.

По истрагата извршена до домот на Марадона, полицијата и правосудните органи ја отфрлиле можноста Марадона да починал како последица од насилна смрт.

Коронавирус