сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Баерн ја активираше клазулата и го договори најскапото засилување во клупската историја!

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Баерн ја активираше клазулата и го договори најскапото засилување во клупската историја!

Шпанска „Марка“  предмалку пренесе вонредни вести! Како што пренесува овој реномирани мадритски медиум, Баерн Минхен ја активираше откупната клазула за Лукас Ернандез, левиот бек на Атлетико Мадрид која изнесува 85 милиони евра.

Истиот извор пренесува дека францускиот репрезентативец го одиграл својот последен натпревар за „јорганџиите“ бидејќи се повредил на тренингот и не е во комбинација за настап до Нова Година, а потоа ќе се пресели во Баерн.

Тој со германскиот гигант ќе потпише договор на четири ипол години и ќе стане најскапото засилување на Баерн во историјата. Рекордот во Баерн го држи Корентин Толисо кој Баерн го доведе од Лион за сума од 41.5 милиони евра во 2017 година.