вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 46
home Фудбал

Изненадувачко име се појави како можно решение за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед

Изненадувачко име се појави како можно решение за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед

Многумина веруваат дека по вчерашниот пораз од Манчестер Сити (0:2) и новото очајно издание, Оле Гунар Солскјер ги потрошил сите кредити, па за време на интернационалната пауза ќе заработи отказ од клубот.

Норвежанецот иако доби што посака на трансфер пазарот, не успеа да состави конкурентен тим кој по 11 кола се откажа од освојување на Премиер лигата затоа што заостанува прилично многу зад врвот на табелата.

И додека во јавноста се шпекулира кој ќе го наследи Солскјер, од Германија пристигна информација дека Ралф Рагник е заинтересиран да го преземе тренерското столче на „Олд Трафорд“.

63 годишниот Германец има богато тренерско портфолио, но нема водено клуб од 2019 година кога седеше на клупата на Ред Бул Лајпциг, по што се префрли во раководството на клубот.

Од Манчестер Јунајтед ја пропуштија шансата да го ангажираат Конте, а сега отворена стои можноста да се ангажира Зинедин Зидан кој со неговото пристигнување би го убедил Погба да остане на „Олд Трафорд“.

Коронавирус