петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Фудбал

Изненадувачка понуда: Кариус заминува во италијански третолигаш?

Изненадувачка понуда: Кариус заминува во италијански третолигаш?

На голманот на Ливерпул, 24 годишниот Кариус ќе му треба многу време како би ја преболил ужасната вечер од Лигата на шампионите. Поради неговите големи грешки англискиот клуб беше поразен со 3:1 од Реал Мадрид, па германскиот голман се најде под тежок напад.

Му стигнуваат дури и загрижувачки смртни закани, но зад него застана скоро целиот фудбалски свет. Во таа група влегува и италијанскиот третолигаш Римини, кој на Германецот му понуди трансфер во нивниот клуб.

-На 22 јуни Лорис Кариус ќе има 25 години. Би сакал да го нагостам германскиот голман неколку дена во Римини, нашиот великодушен град кој секогаш радо ги нагостувал Германците, напиша во отвореното писмо Џорџо Граси, претседателот на Римини.

-Би сакал да го видам овде. Така би го потсетиле дека за се треба храброст, како и да ги разбере најдобрите животни лекции кои понекогаш се многу тешки. Сите сме поминувале низ такви работи, а за жал на него, неговите тешки моменти се случија пред милиони луѓе. Би сакал да му помогнам да стане сјаен пример низ фудбалот и дека после падот да се врати на нозе. Му нудам подарок за роденден- едногодишен договор со Римини како би го пронашол во својот мир и самодоверба, стои во писмото.

Граси потоа заврши:

-Секако, не би му било лесно овде, би се натпреварувал со сјајниот Франческо Скоти, но ние сме големо семејство овде и градот е спремен да го поддржи да стане „број еден“ во третата лига.

Коронавирус