понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 81
home Фудбал

Издаден налог за апсење на Арда Туран

Издаден налог за апсење на Арда Туран

Турското обвинителство издаде налог за апсење на Арда Туран, јавуваат турските медиуми.

Арда е обвинет дека му го скршил носот на турскиот пејач Беркај, што подоцна фудбалерот демантирал, но последните информации не му одат во прилог.

Туран наводно го нападнал пејачот и неговата сопруга, а им се заканувал и со пиштол.

-Да не сум оженет, не би пропуштил девојка каква што си ти, наводно и рекол Туран на девојката која била во друштво со пејачот.

Арда во моментов е член на Башахшехир од Истанбул.