сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Избран тимот на лузерите на Светското првенство: Предводник е Меси, голем број атрактивни имиња во него

Избран тимот на лузерите на Светското првенство: Предводник е Меси, голем број атрактивни имиња во него

Ниту добрата игра и голот во одлучувачкиот натпревар против Нигерија не му помогнаа на капитенот на Аргентина, Лионел Меси, да го избегне местото во тимот на лузерите после групната фаза на Светското првенство.

Вреди да се напомене, дека Меси има шанса да ја подобри сликата околу присуството на Мундијалот, за разлика од Мохамед Салах и Роберт Левандовски, кои го сочинуваат напаѓачкото трио, бидејќите нивните репрезентации веќе ги завршија настапите после првата фаза од Светското првенство.

Голот во тимот на лузерите го чува Мануел Нојер.

Во последната линија се Германецот Џошуа Кимих, Полјакот Тиаго Чонек, Мексиканецот Хектор Морено и Тунижанецот Али Малул.

Последни играчи од средниот ред се Германецот Сами Кедира и Иранецот Саид Затолахи. Пред нив, зад споменатото напаѓачко трио се наоѓа Гулфли Сигурдсон од Исланд.

Тренер на тимот на лузерите, сосем очекувано е Јоаким Лев, кој не успеа да го однесе актуелниот светски првак во следната фаза.

Коронавирус