сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Избегната трагедија на прославата во Хрватска: Вида понесен од алкохолот можеше да има пад од автобус, Субашиќ му го спаси животот (ВИДЕО)

Избегната трагедија на прославата во Хрватска: Вида понесен од алкохолот можеше да има пад од автобус, Субашиќ му го спаси животот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хрватска веќе два дена го прославуваат второто место на СП во Русија.

Откако репрезентативците беа пречекани во Загреб, вчеравечер беа дел и од прославата во Задар каде се собраа околу 100 илјади навивачи да ги поздрават фудбалерите.

Во целиот тој занес и под многу алкохол, еден од највеселите фудбалери беше Домагој Вида кој скокаше по автобусот, а за момент ќе настанеше и поголема катастрофа.

Вида во инцидентот падна од кровот, а за негова среќа Субашиќ му го спаси животот, погледнете.