четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Му го спасуваа животот на голман на Вардар (ФОТО)

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Му го спасуваа животот на голман на Вардар (ФОТО)

Денеска за малку ќе беше црн ден за македонскиот фудбал. Ќе настрадаше голман на Вардар во пионерска конкуренција, објави порталот СПОРТ МЕДИА.

-Многу среќа и присебност на присутните беа доволни да се спаси живото на Кристијан Китановски и тоа на мечот од пионерската лига меѓу домашните Њу Старс и Вардар. Имено во многу груб натпревар, во кое предначеле домашните и со лошо судење на Дејан Младеновски, во еден судир до домашен играч голманот на Вардар паднал во безсознание, пишува порталот.

СПОРТ МЕДИА пишува дека голманот загубил свест и речиси бил мртов.

-За среќа тука се нашол лекарот на домашните кој имал апаратче за вадење на јазикот и тоа го спасило младиот Китановски, инаку ќе се случило трагедија, пишува порталот.