понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Фудбал

Италијанските тимови сè уште немаат право да продолжат со тренинзите

Италијанските тимови сè уште немаат право да продолжат со тренинзите

Само неколку часа откако медиумите ја објавија одлуката на владата да дозволи тренинзи во Италија, оваа вест беше демантирана. Министерот за спорт на земјата, Винченцо Спадафора, на својот Фејсбук профил напиша дека не постои такво нешто и на тимовите не им е дозволено да тренираат до 18 мај.

Од денес, 4 мај, карантинските мерки во земјава слабеат и неколку екипи соопштија дека наскоро ќе ги продолжат своите колективни активности, иако со некои ограничувања.

– Морам да читам чудни работи во медиумите! Но, што се однесува до фудбалот, работите не се променети и на тимовите не им е дозволено да тренираат во моментот. Барем до 18 мај, напиша италијанскиот министер за спорт на социјалната мрежа.

Шампионатот во Италија беше суспендиран на почетокот на март поради пандемијата на коронавирус.

ЕУРО 2020

Македонија