сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Фудбал

Италијански епидемиолог побара масовна вакцинација на фудбалерите

Италијански епидемиолог побара масовна вакцинација на фудбалерите

Вакцинирање на сите фудбалери кои настапуваат во Серија А, препорача денеска раководителот на Инфективниот оддел во болницата „Сан Мартино“ во Џенова и еден од водечките италијански експерти за заразни болести Матео Басети.

Тој истакна дека вакцинирањето на вкупниот број од околу 600 фудбалери ќе донесе повеќекратна корист. Ширењето на заразата меѓу спортистите би се спречило, би се избегнале одложувања натпревари, а би се испратила и силна порака до навивачите и тие масовно да се вакцинираат.

-На скептиците на вакцинирањето пример им се оние, кои имаат голема комуникациска моќ и силно влијание врз голем број луѓе. Замислете да се вакцинира Кристијано Роналдо. Кој знае колку голем број на навивачи би го следеле неговиот пример, напиша Басети на социјалните мрежи.

Еден од водечките италијански експерти за заразни болести пред неколку денови во интервју за римскиот весник „Ла Република“ рече дека во Италија започнал третиот бран на Ковид-19. (МИА)

Коронавирус