вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 74
home Фудбал

Италијанците ја открија листата на играчи кои ги посакува Мурињо, предничат имиња од Реал

Италијанците ја открија листата на играчи кои ги посакува Мурињо, предничат имиња од Реал

Жозе Мурињо не е задоволен со играчите кои ги има на располагање во Рома и бара од челниците на клубот да доведат неколку засилувања во јануари.

Мурињо ја презеде клупата на римскиот клуб пред почетокот на оваа сезона и на лето доби неколку звучни засилувања, но не е задоволен како се покажаа дел од играчите.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Мурињо единствено е задоволен од голманот Руи Патрисио кога станува збор за новите играчи и се покажа како големо засилување за Рома.

Клубот ги доведе уште Тами Абрахам, Елдор Шомуродов, Матијас Виња и Брајан Рејнолдс, но тие помалку или повеќе не ги оправдаа очекувањата на португалскиот стручњак.

Поради тоа Мурињо бара нови играчи, а на списокот на негови желби предничат две имиња од Реал Мадрид.

Имено, на неговата листа се наоѓаат Начо Фернандез и Дани Себаљос кои речиси и не играат кај Карло Анчелоти во Реал Мадрид. Мурињо верува дека за Рома нема да биде проблем да ги доведе бидејќи тие се практично отпишани во „Кралскиот клуб“.

Покрај тоа се шпекулира дека на листата на желби на Мурињо се наоѓаат уште неколку играчи, а тоа се Рубен Лофтус-Чик, Хери Винкс и Денис Закарија.

Коронавирус