понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 67
home Фудбал

ИСТРАЖУВАЊЕ: Семејното насилство расте кога Англија губи

ИСТРАЖУВАЊЕ: Семејното насилство расте кога Англија губи

Добротворната организација против семејно насилство „Помош за жените“ и други прибежишта се обратија до сите оние кои претрпеа насилство во својот дом, по поразот на англиската национална фудбалска репрезентација.

Според наводите, бројот пријавени случаи на домашна злоупотреба се зголемува по фудбалските натпревари. Истражување од Универзитетот на Ланкастер посочува дека насилството најмногу се зголемува кога Англија губи.

Извршниот директор на „Помош за жените“, Фара Назир смета дека фудбалот не предизвикува семејно насилство – тоа е предизвикано од насилници кои бираат да употребат сила и контрола над своите жртви.

– Знаеме дека бројот пријавени случаи на семејно насилство се зголемува во деновите на фудбалските натпревари… Зголеменото пиење алкохол и силните емоции поврзани со играта може да предизвикаат зголемување на постојното насилство, сериозноста и зачестеноста, рече таа.

И извршната директорка на здружението „Засолнииште“, Рут Дејвисон се согласи дека фудбалските првенства „го влошуваат веќе постојното насилно однесување“ и им порача на жртвите дека тие не се сами.

– Без оглед кој ќе победи и кој загуби во фудбалот, домашната злоупотреба е систематско, намерно однесување и се случува во текот на целата година, нагласи таа.

Откриено е дека семејното насилство започнало да се зголемува после финалето на Европското фудбалско првенство, каде што Англија загуби, а овој ефект достигнал врв меѓу 10 и 12 часа подоцна.

Истражување од 2013 година, на Универзитетот на Ланкастер, исто така открива дека семејното насилство се зголемило за 26 отсто кога Англија победила или изиграла нерешено. При загубите, тој параметар изнесува 38 отсто.

Коронавирус