четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Фудбал

Истражување: Кој спорт е број 1 меѓу македонските граѓани?

Истражување: Кој спорт е број 1 меѓу македонските граѓани?

Фудбалот е најпопуларен спорт меѓу македонските граѓани, а интересот за натпреварите на националните тимови постојано бележи раст.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето што специјализираната меѓународна компанија „Kantar Media“, го спроведе за потребите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со поддршка на УЕФА.

Истражувањето, како што објави ФФМ, покажува дека вкупно 58 отсто од анкетираните гледаат во фудбалот „спорт број еден во Македонија“, а интересот за овој спорт е најголем меѓу популацијата меѓу 18 и 24 години.

Резултатите од истражувањето, исто така, покажуваат дека фудбал меѓу детската популација тренираат 27 отсто, што е највисок процент споредено со другите спортови. (МИА)

Коронавирус