четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Истанбул на нозе, Месут Озил потпишува за Фенербахче

Истанбул на нозе, Месут Озил потпишува за Фенербахче

Германската суперѕвезда Месут Озил синоќа дојде во Истанбул за да потпише за својот клуб од детството Фенербахче, па предизвика експлозија од радост кај навивачите на овој клуб, зашто светскиот првак со „елфот“ од Мундијалот во Бразил во 2014 година е едно од најзвучните имиња кои доаѓаат во Турција.

Германецот со турско потекло цела една година се поврзуваше со Фенербахче и сега му се оствари желбата да игра во клубот за кој навива од мали нозе, а како и очично во Турција кога доаѓа светски суперстар – на телевизија одеше и директен пренос.

А во градот, Истанбул ечи од тропање на навивачите на Фенер. Поради коронавирусот збеснатите за фудбал Турци не може да излезат на улица, инаку Озил ќе имаше дочек како од соништата. Вака радоста ја искажаа на еден поинаков начин.

Озил пред заминување со приватниот авион од Лондон за Истанбул објави дека е возбуден што доаѓа на потпис за Фенербахче, па денеска прво ќе треба да ги мине лекарските прегледи, пред да го потпише договорот и да биде промовиран. Тој во Фенер доаѓа како слободен играч откако спогодбено го раскина договорот со Арсенал и се откажа од 9,5 милиони евра заработка во преостанатите шест месеци кои ги имаше од актуелниот договор со „топчиите“.

Според најавите од Турција, во Фенер ќе има годишна плата од пет милиони евра.

Коронавирус