вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 37
home Фудбал

Иско: Роналдо не му недостасува на Реал Мадрид

Иско: Роналдо не му недостасува на Реал Мадрид

Иско изјави дека носителот на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, воопшто не му недостасува на Реал Мадрид, и дека не жали за заминувањето на Роналдо во Јувентус за 117 милиони евра бидејќи веќе има кој да го замени.

– Кристијано е фантастичен фудбалер, тој дава 40-50 голови по сезона. Во моментов играме одлично, оние кои минатата сезона малку погодуваа сега го прават тоа многу почесто, рече Иско.

Интересно е дека Роналдо се уште не се запишал во листата на стрелците на официјален натпревар на Јувентус.

– Ни оди добро без Роналдо. Му посакувам се најдобро во Италија, додаде Иско. Реал ја започна сезоната во Примера со три победи и има гол разлика од 10:2, а тимот претрпе и пораз 4:2 од Атлетико за Суперкуп трофејот на УЕФА.