недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Фудбал

Иско нема да го напушти Реал во зимскиот преоден рок

Иско нема да го напушти Реал во зимскиот преоден рок

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, нема да го промени тимот оваа зима.

Претходно беше објавено дека Шпанецот сака да оди во Јувентус.

– Не мислам на промена на клубот во зимскиот трансфер прозорец. Мојата цел е да освојам уште многу титули со Реал, изјави Иско.

Тој во Реал е од 2013 година, а претходно играше за Малага и Валенсија.