сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Иско: На многумина им е драго за кризата во Реал

Иско: На многумина им е драго за кризата во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, истакна дека играчите ја сфаќаат тежината на кризата во клубот, но дека сите веруваат во тренерот Хулен Лопеги и во неговиот начин на работа.

–  Не е лесно да се прифатат овие лоши резултати. Имам чувство дека на многумина им е драго за кризата во Реал. Но, подготвени сме да ја преземеме одговорноста. Сите сме одговорни, а не само тренерот, истакна Иско.

Тој одби да го коментира заминувањето на Кристијано Роналдо и посочи дека решението на кризата треба да се бара во клубот, а не надвор од него.

– Веруваме во Хулен Лопеги и во неговата работа. Не можеме да говориме за Роналдо и да оплакуваме некој што не сака да биде тука. Решението не е надвор од овој клуб, туку во соблекувалната, наведе Иско.

Реал во изминатите пет натпревар нема постигнато победа. (МИА)