сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 38
home Фудбал

Исчезна англиски навивач, полицијата ги проверува информациите

Исчезна англиски навивач, полицијата ги проверува информациите

Навивачот на англиската фудбалска репрезентација Даглас Моретон, исчезна во Русија за време на Светското првенство 2018 година. Роднините не можат да го најдат.

Човекот последен пат беше виден во Самара на 6 јули. После тоа, тој не бил достапен за комуникација, но била употребена неговата кредитна картичка во Москва.

Според Ројтерс, навивачот отишол на натпревар од четвртфиналето што Англија го играше со Шведска (2:0).

Претставник на Британската амбасада во Москва ја потврди оваа информација и апелираше на спроведување на законот.

Во исто време, полицијата не добила изјава за губење на навивачот и ги проверува информациите.

– Надлежните не добиле пријава за исчезнат навивач на Англија и ги проверуваат информациите објавени во медиумите, соопшти претставник на полицијата од регионот на Самара.

Светското првенство во Русија се игра од 14 јуни до 15 јули.

МИА