четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 130
home Фудбал

Иранскиот Меси кажува збогум 23 години: Не можам вака повеќе, ја избирам мајка ми

Иранскиот Меси кажува збогум 23 години: Не можам вака повеќе, ја избирам мајка ми

Ова е најболната одлука која морав да ја донесам, се противи на она што моето срце сака, но меѓу репрезентацијата и мајка ми, ја избирам мајка ми, порача тој.

Иранскиот напаѓач Сардар Азмун се прости од репрезентацијата на 23 години откако неговата репрезентација испадна од Светското првенство.

Иран заврши како трет во групата Б зад Шпанија и Португалија, а пред Мароко, со својата храбра игра и борбеност ја воодушевија фудбалската јавност, посебно на натпреварите против фаворитите и во моментите кога имаа зицер за победа против Португалија, а мечот заврши 1:1.

Меѓутоа, додека светот им се воодушевуваше, се чини во татковината не им биле баш најзадоволни. Некои навивачи тешко ја поднесоа елиминацијата, а посебно тоа се одрази на Азмун кој верува дека навредите довеле до тоа неговата мајка да се разболи. Затоа донесе одлука да се повлече.

قهرمانی هر کشوری آرزوی تک تک بازیکنانش هست، همه تلاش من و هم تیمی هایم صعود و پیروزی تیم کشور عزیزمون بود اما با تمام تلاش های بی دریغ ما و دعاهای میلیونها ایرانی تقدیر با ما یار نبود. بازی در تیم ملی کشورم برای من افتخار بزرگی بود و تا آخر عمرم به خودم میبالم، متاسفانه با همه علاقه ای که دارم و برخلاف میل باطنی و خواسته قلبیم تصمیم گرفتم که از تیم ملی کشورم خداحافظی کنم این برای یک جوان ۲۳ساله که با سختی ها و مشقت های زیادی به اینجا رسیده قطعا دردناک ترین تصمیم و اتفاق زندگیش خواهد بود توی زندگی یه چیزهایی هست که حرف اول رو میزنه،با توجه به اینکه مادرم بیماری سختی رو پشت سر گذاشته بود و من خوشحال بودم متاسفانه الان بخاطر نامهربانی و قدرنشناسی عده ای و توهین هایی که به هیچ وجه حق من و هم تیمی هایم نیست، بیماریش تشدید شده، این مسئله من رو بین دوراهی سختی برای انتخاب قرار داده، در نتیجه من مادرم رو انتخاب می کنم. بیائید همدیگه رو قضاوت نکنیم و از روی ظاهر دیگران اونها رو مورد ارزیابی قرار ندیم،کسی چه میدونه که در پس خنده های من چه سختی های تلخی وجود داره؟؟؟!!! من برای سلامتی مادر علیرضا جهانبخش عزیزم که بیماری سختی رو پشت سر گذاشته و بهبودی حاصل شده آرزوی سلامتی دارم، تنها علیرضا بود که شاهد روزهای غم انگیز و تلخ دوران بیماری مادرم بود، ممنون رفیق ختم کلامم در تشکر از کیروش عزیز است،امیدوارم روزی تیم کشورم رو در قهرمانی جهان ببینم. از تمامی رسانه ها هم بخاطر لحظه لحظه های با ما بودنشون سپاسگزارم و قدردان محبت های تک تک هموطنانم هستم عشق فقط مادر با ارزوی سلامتی برای همه مادرها❤

A post shared by IAmSardar (@sardar_azmoun) on

-Ми беше чест да играм за репрезентацијата, ќе бидам горд на тоа до крајот на животот. За жал, покрај целиот интерес кој го имам и спротивно на она што моето срце сака, одлучив да кажам збогум на репрезентацијата на својата држава. Ова е најтешка одлука за 23 годишник , кој до овде дошол со многу потешкотии, напиша Азмун на Инстаграм, па ја објасни причината за својата одлука:

-Мајка ми се излечи од тешка болест и бев среќен поради тоа. Но, поради злобата на некои луѓе и навредите упатени кон мене и моите соиграчи кои никако не ги заслуживме, нејзината болест се влоши и стана посериозна. Тоа ме доведе до тешка одлука во која морав да бирам- репрезентацијата или мајка ми. И ја избрав мајка ми.

Фудбалерот на руски Рубин Казан кого го нарекуваат и „иранскиот Меси“ за репрезентацијата дебитирал во 2014 година и на 36 натпревари има постигнато 23 гола. Во квалификациите за Светското првенство даде 11 голови. Тој е една од најголемите ѕвезди во својата држава, но поради семејството одлучи да каже збогум од националниот тим.

Коронавирус