недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Фудбал

Инзаги по поразот од Јуве: Фудбалот е неправеден

Инзаги по поразот од Јуве: Фудбалот е неправеден

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги не можеше да поверува дека неговиот тим го загуби дербито со Јувентус.

„Бјанкочелестите“ беа поразени со 1:2, откако Жоао Кансело израмни во 74-тата минута, а во 88-та пенал, освоен од Кристијано Роналдо, беше реализиран од ѕвездата на „бјанконерите“. Пред тоа домаќините поведоа по автогол на Емре Џан.

– Во оваа сезона немав видено друг тим, кој му отежни на Јувентус до таков степен. Ние упативме девет удари во контурите на голот, а тие само три. Исто така имавме многу шанси од прекини. Фудбалот е неправеден. Не заслуживме да изгубиме. Но ако продолжиме да играме така, навивачите ќе бидат задоволни. Јас сум вознемирен, но и сум горд на тимот. Ги замолив момците да покажат поголем карактер против големите тимови и тоа го направија. Чекаме подобри денови, изјави Инзаги по мечот.

Коронавирус