понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 100
home Фудбал

Инзаги најавува: Наша цел е одбраната на титулата во Серија А и што подобра сезона во ЛШ

Инзаги најавува: Наша цел е одбраната на титулата во Серија А и што подобра сезона во ЛШ

Италијанскиот фудбалски шампион, Интер денеска и официјално гои претстави Симоне Инзаги како нов прв тренер-менаџер на А тимот.

Инзаги кој имаше успешна приказна со Лацио во Милано пристигна со високи амбиции.

„Мотивиран сум за овој предизвик. Имам добро чувство за сезоната која е пред нас и гледам со многу самодоверба. Наша цел е одбраната на титулата во Серија А и што подобра сезона во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да го задржиме костурот на тимот и да ги оствариме зацртаните цели.“ – изјави Инзаги.

Локални избори 2021