вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 31
home Фудбал

Инзаги ќе биде новиот тренер на Јувентус?

Инзаги ќе биде новиот тренер на Јувентус?

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги најверојатно ќе го замени Масимилијано Алегри на чело на Јувентус во текот на летото, тврди „Кориере дело Спорт“, како и уште две италијански изданија -„Спорт Медијасет“ и „Ла Стампа“.

Веќе официјално стана јасно дека актуелниот тренер на „црно-белите“ нема да го води тимот по крајот на оваа кампања и раководството се насочило кон нов стратег.

Носителот на Купот на Италија со составот на „римските орли“, пак, веќе преговара со гигантот и според медиумите, за неколку дена тој ќе биде прогласен за нов тренер.

Антонио Конте беше исто варијанта пред тимот, но на крајот тој постигнал договор да го преземе Интер по крајот на сезоната, па шансите да се врати на „Јувентус стадион“ практично се ништожни.

Инзаги има договор со Лацио до летото 2020 година, но се претпоставува дека двата тима ќе се разберат во однос на компензацијата.