сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер слави Лига на шампиони, Милан ќе се теши со Лига Европа

Интер слави Лига на шампиони, Милан ќе се теши со Лига Европа

Екипите на Интер и Аталанта се патниците од Серија А во наредното издание во Лигата на шампионите, затоа што во своите натпревари забележаа посакувани победи и го освоија третото и четвртото место на табелата.

Интер среќно го совлада Емполи (2-1) и завршува на четвртата позиција на табелата во Серија А. По првото полувреме без голови и многу нереализирани шанси, пред се поради голманот на Емполи, Бартоломеј Драговски, кој правеше чуда, погодоците дојдоа во вториот дел.

Во 51. минута резултатот го отвори нововлезениот Кеита Балде, со еден шут по земја. Во 61. минута Икарди имаше шанса да удвои од пенал, но не го надмудри одличниот Драговски, за потоа да пристигне казната и Емполи преку Траоре да изедначи на 1-1. Златниот гол за Интер го даде Раџа Најнголан во 81. минута, но вреди да се напомене дека честитките за ЛШ одат на адреса на Самир Хандановиќ, кој фати два зицера пред крајот. Пред финишот Емполи тргна тотално во напад за да изедначи, а Брозовиќ на празен гол реализира за 3-1, но од ВАР-собата го поништија голот.

Аталанта на домашен терен со 3-1 славеше над Сасуоло и за првпат во својата историја ќе игра во Лигата на шампионите. Прво поведе Сасусоло преку Берарди, а во 35. минута Запата изедначи на 1-1. Пред крајот на првото полувреме Берарди доби црвен картон, па Гомез и Пашалиќ донесоа триумф за тимот од Бергамо и историска Лига на шампиони.

Во целата ситуација извиси Милан, кој победи кај Спал (2-3), но мора да се задоволи со Лига Европа. Кеси беше двоен стрелец, а Чалханоглу стрела еднаш, додека за домашните погодија Викари и Фарес.

На останатите мечеви, Фиорентина и Џенова одиграа без голови и двете обезбедија опстанок, а Емполи патува во Серија Б. Рома на домашен терен славеше со 2-1, додека Удинезе беше поуспешен на гостувањето кај Каљари(1-2).

Извор: gol.mk

Коронавирус