недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер се ослободи од Аргентинецот: ПСЖ го позајми Икарди со право на откуп за 75 милиони евра

Интер се ослободи од Аргентинецот: ПСЖ го позајми Икарди со право на откуп за 75 милиони евра

Мауро Икарди се согласи да биде позајмен од Интер во ПСЖ, пишуваат француските и италијанските медиуми. Аргентинскиот напаѓач ќе остане во Париз до крајот на сезоната по што „светците“ ќе имаат право на откуп на неговиот договор за 75 милиони евра.

Италијанските медиуми наведуваат дека Икарди, пред да замине во француската престолнина, ќе потпише нов договор со Интер со цел тимот од „Џузепе Меаца“ да има подобра преговарачка позиција за негова продажба во наредното лето.

Икарди веќе подолг период е на нож во Интер. Го загуби местото во тимот под водство на Лучано Спалети, а на него не смета ниту Антонио Конте. Неговата трансфер сага траеше од февруари кога побара нови, подобрени финансиски услови, на што раководството на клубот не се согласи, па тој одби да потпише нов договор.

До тој момент беше најдобар стрелец на „нероазурите“ и нивни капитен, а по избивање на спорот стана непосакуван во клубот.