понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Фудбал

Интер покажа кој владее во Милано

+
Интер покажа кој владее во Милано

Интер вторпат сезонава го победи Милан (2:3) и успеа да му го одземе третото место на градскиот ривал кој вечерва официјално беше домаќин на средбата од 28. коло на Серија А.

Резултатот го отвори Весино уште во 3. минута и на некој начин најави како ќе се движи резултатот на натпреварот каде „гостите“ постојано беа во водство.

Слично започна второто полувреме откако овојпат со глава реализираше Де Врај за 0:2, но шест минути подоцна Бакајоко возврати на сличен начин и го врати Милан во игра за позитивен резултат.

Во 65. минута Интер доби пенал по стартот на Кастилјехо над Политано, а Лаутаро го претвори во гол кој се покажа како решавачки. Последниот гол беше постигнат во 71. минута и тоа преку Мусакио, а Милан до крајот не успеа да израмни, при што најдобрата шанса ја имаше Кутроне во последната минута од судиското продолжение.

Интер го презема третото место со 53 бодови, Милан сега има два помалку на четвртото место, но и солидна предност од четири бодови пред Рома која исто така не се откажува од место кое води во Лигата на шампионите.