четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 33
home Фудбал

Интер не сака да плати ни евро за Видал

Интер не сака да плати ни евро за Видал

Раководството на Барселона ги прекина разговорите со Интер за Артуро Видал, пишува„ Газета дело Спорт“. Причината е неподготвеноста на италијанскиот клуб да плати сума за трансфер на чилеанскиот играч за врска.

– Нема да платиме ниту едно евро!, се заканиле наводно од „Меаца“, тврди изданието.

Каталонскиот клуб сака „симболична сума“ слична на онаа за Иван Ракитиќ, пишува „Диарио Спорт“.

„Нероазурите“ и Видал претходно постигнаа договор за личните услови на играчот. (МИА)

Коронавирус