среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер ќе му понуди нов договор на Икарди

Интер ќе му понуди нов договор на Икарди

Калчолигашот Интер ќе започне преговори со својот капитен Маурио Икарди за обновување на договорот за меѓусебна соработка.

Икарди е најдобриот стрелец на Интер и еден од најзаслужните за враќањето на „неро-аѕзурите“ во Лигата на шампионите. По завршувањето на сезоната се појавија шпекулации за негово заминување од „Џузепе Меаца“ , но клубот сака да го задржи.

– Нема причина да се грижиме, тој е наш играч и наш капитен, а во следните неколку недели ќе седнеме за да разговараме за нов договор, соопшти Интер.

Од клубот најавуваат создавање респектабилен тим со кој ќе може во новата сезона да биде конкурентен на најдобрите италијански и европски екипи.

(Миа)