среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 41
home Фудбал

Интер ја забележа 1.500-та победа во Серија А

Интер ја забележа 1.500-та победа во Серија А

Интер синоќа на гостински терен ја победи Фиорентина со 3:1 во 5. коло од Серија А.

За миланскиот клуб, оваа победа беше јубилејна 1.500-та во италијанското првенство.

Интер успеа да стигне до таков резултат по 91 година 11 месеци и 15 дена по првата победа во националниот шампионат. Тоа се случи во октомври 1929 година кога Интер го победи Ливорно.

По пет кола во Серија А Интер е лидер во шампионатот со четири победи и еден нерешен резултат, односно 13 освоени бода, пред Наполи кој има 12 бода, но и натпревар помалку.

Локални избори 2021