четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Фудбал

Интер го напаѓа скудетото, го договори Ериксен, следи уште двајца играчи

Интер го напаѓа скудетото, го договори Ериксен, следи уште двајца играчи

Интер како што изгледа ќе има одличен преоден рок, затоа што медиумите од „чизмата“ велат дека договорен е трансфер на плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Ериксен ќе остане без договор на крајот од сезоната и ќе може да си оди бесплатно, а овој зимски преоден рок ќе биде единствена шанса за Тотенхем да заработи нешто. Од Италија велат дека трансферот е веќе договорен, а Интер ќе треба да им плати на „петлите“ 16 милиони евра.

Истовремено се следат уште двајца играчи чии потписи треба да се обезбедат наскоро. Првиот е Оливие Жиру, напаѓач кој е миленик на Конте, додека вториот е Леонардо Спинацола од редовите на Рома.

Интер моментално е на второто место во калчото, со два бода помалку од лидерот и актуелен првак Јувентус.

 

Коронавирус