среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 125
home Фудбал

Интер е заинтересиран за Смолинг, Јунајтед сака 20 милиони евра за дефанзивец

Интер е заинтересиран за Смолинг, Јунајтед сака 20 милиони евра за дефанзивец

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг може да го напушти клубот.

Рома сакаше да го откупи 30-годишниот Англичанец, но понудата на Римјаните не им одговараше на Јунајтед. Англискиот клуб го проценува Смолинг на 20 милиони евра.

Сега Интер е заинтересиран за дефанзивецот, пренесува Калчомеркато.

„Неро-азурите“ одржуваа добри односи со Јунајтед по трансферите од Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, нешто што може да помогне во зделката.

Смолинг минатата сезона забележа 30 настапи во Серија А, играјќи за Рома како позајмен играч. (МИА)

Коронавирус