понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер е прв избор за Обамемајнг

Интер е прв избор за Обамемајнг

Италијанскиот гигант Интер е фаворит да го привлече напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, доколку Лаутаро Мартинез ја напушти Барселона летово, пренесува „Ле10Спорт“. Габонецот и лондонскиот тим ги замрзнаа разговорите за нов договор, а неговиот сегашен истекува во летото 2021 година.

Оваа ситуација значи дека неговата цена ќе падне драматично и ќе биде далеку од 63 милиони евра што „топџиите“ ги платија на Борусија Дортмунд во јануари 2018 година. Обамејанг се сметаше и за потенцијална цел на Реал Мадрид, но до моментот кога ќе наполни 31 година во јуни, тој е веќе престар, особено затоа што „белиот балет“ се здобива со sвездена селекција на млади играчи, за да обезбеди просперитет на клубот за следните 10 години.

Во исто време, Интер ќе го искористи искуството на Обамејанг во Лигата на шампионите и ќе обезбеди разновидност во нападот, каде ќе дејствува со Ромелу Лукаку.

Во исто време, Обамејанг е запознаен со состојбата на „Меаца“, откако неговата кариера започна во академијата на Милан, од каде беше продаден во 2012 година за 1,8 милиони евра на Сент Етјен.

Коронавирус