среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 140
home Фудбал

Инсиње за Анчелоти: За овие две години запознав специјална личност

Инсиње за Анчелоти: За овие две години запознав специјална личност
9 – Carlo Ancelotti – Napoli (12 milionë euro)

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, се збогува со Карло Анчелоти, кој ја напушти тренерската функцијата на клубот.

Благодарам господине, ми беше чест да работам со вас и со вашиот тим. За време на овие две години запознав специјална личност. Ви посакувам се најдобро! – напиша Инсиње на Инстаграм.

Раководството на Наполи го отпушти Анчелоти, откако тимот во 6.коло од групната фаза во Лигата на шампионите синоќа го победи Генк со 4:0 и избори плејоф. Во Серија А, клубот од Неапол се наоѓа на 7. место по долгата низа без победа уште од средината на октомври.