недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 115
home Фудбал

Иницијаторите на фудбалската Супер лига најавуваат нов концепт

Иницијаторите на фудбалската Супер лига најавуваат нов концепт

Иницијаторите на фудбалската Супер лига, чиј првичен концепт пропадна под жесток притисок на бројни институции и јавноста, сè уште не се откажале од намерата да го заживеат новото натпреварување, јави германската новинска агенција ДПА.

Весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ пишува денеска за промени во концептот на Супер лигата, замислена како алтернатива на Лигата на шампиони на УЕФА, според кој во новото натпреварување би учествувале 20 најдобри екипи, со можност и за така наречена „втора лига“ со дополнителни 20 тимови, од кои сите би продолжиле да играат во своите национални лиги.

Германските новинари наводно имале увид во документот, кој открива некои нови правила во обидот да заживее Супер лигата, а истовремено содржи и критики за постојните натпреварувања во организација на УЕФА.

Зад идејата за формирање Супер лига останаа само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, а другите девет иницијатори се повлекоа.

Коронавирус