недела, 19. август 2018. Вести денес: 48
home Фудбал

Инфантино: Русија досега никој не ја освоил, но и тоа ќе се случи

Инфантино: Русија досега никој не ја освоил, но и тоа ќе се случи

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во своето воведно излагање на 68. Конгрес на Меѓународната фудбалска федерација во Москва рече дека наскоро фудбалот ќе го освои целиот свет.

– Русија е прекрасна земја, и никој не успеал да ја освои. Но наскоро тоа ќе го направи фудбалот. Од „Лужники“ фудбалот ќе го освои целиот свет, истакна Инфантино.

Конгресот на ФИФА се одржува во пресрет на Светското првенство во Москва. На него ќе биде избрана земјата-домаќин на Мундијалот во 2026 година.

МИА