недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 73
home Фудбал

Инѕаги го испофали засилувањето на Интер: Не очекував дека ќе се адаптира толку брзо

Инѕаги го испофали засилувањето на Интер: Не очекував дека ќе се адаптира толку брзо

Екипата на Интер уште еднаш покажа огромна моќ откако вчера со убедливи 6:1 славеше против тимт на Болоња.

Одличен натпревар за италијанскиот шампион одигра едно од последните засилувања, Дензел Дамфрис кој беше асистент на два од погодоците, а притоа креираше уште неколку одлични шанси.

Холандскиот репрезентативец брзо се адаптира на новата средина, а самиот Инѕаги истакна дека не очекувал тој толку брзо да се вклопи во тимот.

– Тоа беше одличен настап, тој тренира навистина добро и се адаптираше на тимот побрзо од очекуваното. Има квалитет и е подготвен да учи, па ние сме презадоволни со него, -изјави стратегот на Интер.

Многумина очекуваа Интер да биде послаб од минатата сезона по заминувањето на Ромелку Лукаку и Ашраф Хакими, но „нероаѕурите“ засега се одлични и се наоѓаат на врвот на табелата со десет бодови од четири одиграни кола.

Локални избори 2021