сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Имобиле со четири голови предност пред Роналдо на едно коло до крајот на Серија А

Имобиле со четири голови предност пред Роналдо на едно коло до крајот на Серија А

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле постигна еден гол на синоќешниот дуел со Бреша и ја зголеми предноста пред Кристијано Роналдо од Јувентус на врвот на листата на стрелците во Серија А.

Имобиле сега има 35 погодоци, додека Португалецот кој не успеа синоќа да реализира остана на 31.

Воедно, Имобиле го престигна напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски во трката за „Златната копачка“.

Во последното коло од сезоната 2019/20, екипата на Роналдо ќе игра на домашен терен со Рома, додека Лацио на Имобиле ќе се соочи со Наполи.

Коронавирус