вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 10
home Фудбал

Имобиле го продолжи договорот со Лацио до 2025 година

Имобиле го продолжи договорот со Лацио до 2025 година

Напаѓачот Чиро Имобиле го продолжи договорот со Лацио, објавено е на официјалната веб-страница на римскиот клубот.

Според директорот за односи со јавноста Стефано де Мартино, договорот со 30-годишниот напаѓач бил потпишан на пет сезони, до 2025 година.

Имобиле му се придружи на Лацио од Севиља во 2016 година.

Минатата сезона, тој постигна 36 гола во Серија А и ја освои Златната копачка како најдобар стрелец во европските лиги. (МИА)

Коронавирус