четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 98
home Фудбал

Им дупнале гуми на десетици автомобили на навивачи на Црвена Звезда (ФОТО)

Им дупнале гуми на десетици автомобили на навивачи на Црвена Звезда (ФОТО)

Откако Црвена Звезда загуби од ПСЖ синоќа во Белград во последиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, навивачи на клубот останале во шок по средбата кога тргнале да си одат дома – нивните гуми на автомобилите биле дупнати.

И не станувало збор за еден-два автомобили, туку за неколку десетици, кои биле паркирани во близина на најголемиот српски стадион „Рајко Митиќ“. Непознати сторители направиле ршум по автомобилите, а најголем дел од настраданите биле паркирани во близина на стадионот на Партизан, кој е на 500 метри од стадионот на вечниот ривал.

И тоа што е најинтересно, жртви биле навивачи од провинција. Ниту еден од Белград.