сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Им беше главен приоритет, а го испуштија за вистинската ситница: Како Марсеј не дојде до Балотели поради 1.5 милиони евра

Им беше главен приоритет, а го испуштија за вистинската ситница: Како Марсеј не дојде до Балотели поради 1.5 милиони евра

Марио Балотели минатава вечер одлучи околу својата иднина. Трета сезона по ред тој ќе игра во дресот на Ница, на место кое потполно се вклопува со неговиот не баш најсигурен карактер.

Клупските челници биле апсолутно коректни кон црномурестиот голгетер, кои имаше отворени раце себеси да си пронајде нова средина ова лето, но на крајот одлучи да остане во клубот до крајот на следната сезона, кога и официјално му истекува договорот.

Во игра беше и Олимпик Марсеј, кој на крајот според зборовите на претседателот на Ница, Жан Пјер Ривер го испуштил Балотели поради сума од 1.5 милиони евра.

-Клубот имаше џентлменски договор со играчот да го пушти ова лето. Имаше отворена врата доколку би се исполниле одредени услови во износ меѓу 4 и 5 милиони евра. Марсеј прво не понуди ништо, а потоа стигна понуда од 2.5 милиони евра. Ништо повеќе од тоа… Марио беше нивниот главен приоритет, но го пропуштија поради 1.5 милиони евра, вели Ривер.

Балотели во Ница пристигна летото 2016-та година, откако му истече договорот со Ливерпул. Во минатите две сезони постигна 43 гола на 66 натпревари во сите натпреварувања.