четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 113
home Фудбал

Илија Несторовски: Не можам да играм, но ќе им ја дадам сета моја позитивна енергија

Илија Несторовски: Не можам да играм, но ќе им ја дадам сета моја позитивна енергија

Фудбалскиот репрезентативец Илија Несторовски нема да може да го оствари сонот и да заигра на Европското првенство после операцијата на коленото пред еден месец, па сега во Букурешт ќе биде само гледач и поддршка за избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

Несторовски отпатува со националниот тим како нејзин член, иако не може да игра после операцијата, па денеска на вториот трениг ги гледаше од клупа, облечен во стандардната опрема. Прилепчанецот, кој е фудбалер на италијански Удинезе, порача дека без оглед што не може да им помогне на соиграчите на теренот, ќе им ја даде сета позитивна енергија.

„Не можам да им помогнам на соиграчите на теренот, но ќе им бидам поддршка од страна и ќе им ја дадам сета моја позитивна енергија“, посочи Несторовски.

ЕУРО 2020

Македонија