недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Илиевски: Да ја вратиме довербата во репрезентацијата

Илиевски: Да ја вратиме довербата во репрезентацијата

Селекторот на Македонија до 21 година Добринко Илиевски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија и Ерменија, истакна дека главна задача во оваа фаза е да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција.

– Не очекуваат два натпревари од тековниот квалификациски циклус, против Србија на гостински терен и против Ерменија во Скопје. Ова  е подмладен состав и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа репрезентација, нагласи селекторот.

Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто така големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција, додаде Илиевски.

Македонија на 7 септември гостува во Србија, четири дена подоцна (11 септември) е домќин на Ерменија.

МИА

Коронавирус