петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home Фудбал

Икарди растргнат меѓу две жени: Сестра му отворено распали против неговата сопруга

Икарди растргнат меѓу две жени: Сестра му отворено распали против неговата сопруга

Односите во семејството на Мауро Икарди очигледно не се најдобри. Тој е “растргнат“ меѓу две жени и тоа токму тие кои би требало да му бидат најголема поддршка.

Станува збор за неговата сестра и неговата сопруга. Ванда и Ивана.

Сестрата на капитенот на Интер искажа навреда за неговата сопруга, Ванда Нара.

Иако Нара официјално е менаџер на Икарди и во моментов преговара за новиот договор на Аргентинецот, Ивана Икарди смета дека таа навистина нема поим што прави.

-Оваа жена од добра фамилија навистина нема поим. Таа знае само да се фотографира за своите социјални мрежи. Сите се смееме, напиша Ивана Икарди на Инстаграм.

Претходно во интервју, Ивана кажа што навистина мисли за Нара.

-Пред неа, мојот брат беше одличен човек, кој секогаш мислеше на семејството. Таа гледа само пари во него, додаде лутата сестра.