сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

Икарди: Ова е одлично деби во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Икарди: Ова е одлично деби во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, по победата над Тотенхем во првиот круг од групата од Лигата на шампионите, изјави дека ова е одличен почеток за него и за клубот.

Аргентинецот во 86-та минута изедначи, а во самиот финиш Интер стигна до трите бода.

– Голот по мојот удар многумина го оценија како прекрасен. Го постигнав со волеј. За среќа топката полета во мрежата. Заслуживме да победиме, бидејќи се боревме до последниот свиреж за победата. Среќен сум за тимот, за навивачите и за себе, се разбира. Тоа беше одлично деби во Лигата на шампионите, истакна Икарди.

На другата средба од Б-групата, барселона го победи ПСВ со 4:0.

Коронавирус