вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 98
home Фудбал

Икарди на попуст поради коронавирусот, се пазарат Интер и ПСЖ

Икарди на попуст поради коронавирусот, се пазарат Интер и ПСЖ

Францускиот фудбалски шампион, Пари Сен-Жермен е во преговори со Интер за да ги откупи правата на напаѓачот Мауро Икарди.

Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, клубовите можат да се договорат за попуст поради кризата што се појави поради пандемијата на коронавирус.

Оваа сезона, 27-годишниот Икарди играше за париски клуб на позајмица. На неговото конто се 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар. (МИА)