понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Фудбал

Икарди го избира Наполи?

Икарди го избира Наполи?

Напаѓачот Мауро Икарди е подготвен да се врати во Серија „А“ во составот на Наполи. Ова го потврди правниот советник на играчот и неговата сопруга Ванда Нара – Елио Лектерио Пино пред „Радио Марте“.

Тој исто така призна дека Наполи го посакувал играчот уште минатото лето, откако стана јасно дека е непотребен во Интер, предводен од Антонио Конте. На крајот, Аргентинецот отиде на изнајмување во Париз Сен Жермен, но парижаните веројатно нема да го откупат за 70 милиони евра, што стои како клаузула.

Интерес за аргентинската ѕвезда има и од страна на Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи, но Наполи се чини дека е чекор пред сите.

– Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, отсекогаш го сакал во своите редови. Минатото лето едноставно Мауро не сакаше да остане во Италија, така што работите не успеаја. Некои можеби не ја сакаат неговата улога во одредена тактичка шема, но ако ви треба напаѓач кој постигнува голови – ете ви го Мауро. Секако, Ванда Нара е негов агент и се грижи за неговите интереси. Добро го познавам, тој е како син за мене. Идејата да оди во Наполи е делумно заради Диего Марадона, кој е идол на градот и Аргентина. Можеби Наполи ќе испадне дека е совршениот клуб за него да блесне, вели Елио Летерио Пино. (МИА)

Парламентарни избори 2020