сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Игуаин нема да оди во Атлетик Билбао

Игуаин нема да оди во Атлетик Билбао

Гонзало Игуаин дефинитиовно нема да направи трансфер во Атлетик Билбао.

Шпанските медиуми пренесоа за интересот на Атлетик за аргентинскиот напаѓач и дека и тој самиот е подготвен за преселба на „Сан Мамеш“.

Но, набрзо стигна демант од спортскиот директор на Баскијците, Рафа Алкорта кој за шпанското радио „Онда Серо“ рече дека нема ништо од тоа.

-Условот е да е роден или барем да пораснал во Баскија. Неговиот предок не се смета, ако тој не исполнува еден услов. Моментно тоа не се смета, можеби во иднина“, изјави Алкорта. Општо е познато дека во Атлетик Билбао играат фудбалери кои се Баскијци или имаат некакво баскиско потекло. Прадедото на Игуаин од страна на татко му е Баскиец, објави „Марка што, сепак, само по себе не е доволно да го облече „црвено-белиот“ дрес.

Коронавирус